2019-03-24

Фудбалската репрезентација на Македонија до 19 години вчера го одигра вториот тест натпревар против репрезентацијата на Романија. На првиот натпревар Македонија забележа лесна победа со 3:1, додека вчера и покрај водството од 2:0, на крајот загуби со 2:3. Фудбалерот на Академија...

Денеска на ждрепката во ФФМ беа добиени двојките за осминафиналето од Купот на Македонија. Академија Пандев, по победата во 1/16-финалето од 0:6 над екипата на ССК Нова, си обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија, а таму противник ќе...

Екипата на Академија Пандев го претрпе првиот пораз во дебитантската сезона во Првата македонска фудбалска лига откако денеска загуби на гости кај Шкендија со 1-2. Тетовскиот тим со головите на Алими и на Жуниор уште во првото полувреме имаше водство...

Академија Пандев денеска продолжува со своите прволигашки обврски, а противник на нашиот тим ќе му биде македонскиот вицешампион, екипата на Шкендија. По вчерашните три натпревари од третото коло во ПМФЛ, денеска продолжуваат фудбалските возбудувања во нашата земја со дуелот помеѓу...

Нашиот фудбалер Љупчо Дориев, доби повик од А репрезентацијата за претстојните квалификациски средби против селекциите на Израел и Албанија во септември. Се подобрите игри на Дориев беа доволно за Ангеловски да направи неколку измени во репрезентацијата, и да повика млади...

Откако во првото премиерно коло во ПМФЛ, тимот на Академија Пандев однесе само бод од Чаир (1:1), денеска пред своја публика, нашата екипа ја запиша првата победа, против составот на Скопје (2:0). Уште од почетокот Академија Пандев наметна темпо на...

Академија Пандев денеска ја продолжува својата прволигашка одисеја со својот прв натпревар на домашен терен, во Струмица, против екипата на ФК Скопје. По ремито на жешкиот терен во Чаир на отворањето на прволигашката сезона, денеска од 17:00 часот во рамките...

Академија Пандев денеска потпиша едногодишни договори со две нови засилувања. Станува збор за Американецот, Тревис Боуен и Италијанецот, Џулио Грифони. Боуен е напаѓач, има 28 години и последен тим за кој настапувал е резервниот на Лос Анџелес Галакси. Грифони игра...

Екипата на Академија Пандев обезбеди пласман во осминафиналето од Купот на Македонија откако попладнево во скопската населба Драчево го совладаа ССК Нова со 6:0. На полувреме, резултатот беше 3:0 во наша корист. Хет-трик постигна Мишов, а по еднаш во листата на...

Денеска од 17 часот, Академија Пандев гостува кај третолигашот ССК Нова во рамките на првото коло од Купот на Македонија. Натпреварот се игра во скопската населба Драчево, а ќе го води судијата Александар Ангелов од Кочани. Во почетната постава за...

Академија Пандев дебитираше во Првата лига со реми, 1:1 на жешкиот терен во „Чаир". Нашиот тим имаше водство до 89. минута кога Хусеин Демири со гол од 30 метри израмни на 1:1. Претходно Академија Пандев водеше со голот на Љупчо Дориев во...

Новопечениот прволигаш Академија Пандев, оствари победа на третиот контролен натпревар, против екипата на Неа Саламина од Кипар. Македонскиот прволигаш оствари победа од 2:1, во интересен натпревар, каде Пандевци полека ја темпираат формата за претстојните натпревари во ПМФЛ. ФК Академија Пандев стартуваше...

Само само 30 години, Сашко Пандев е еден од најискусните во тимот на Академија Пандев во пресрет на новата сезона. Тоа доволно зборува за интенцијата на струмичкиот клуб да им даде шанса на младите фудбалери и со нив да продолжи...

Еден од најискусните фудбалери во актуелниот тим на Академија Пандев е напаѓачот Зоран Балдовалиев. Неговата кариера трае повеќе од деценија ипол, многу години помина надвор од Македонија како интернационалец, а од лани е член на нашиот клуб. Во минатото и...

Поранешниот македонски репрезентативец Драган Начевски пред два месеци ја заврши професионалната играчка кариера како член на Академија Пандев, а раководството на клубот веднаш му даде шанса во стручниот штаб на првиот тим. Претстојната сезона тој ќе му биде помошник на...

ФК Академија Пандев интензивно се подготвува за влез во ПМФЛ, историската прва сезона меѓу фудбалската елита во Македонија. Во новопечениот прволигаш владее оптимизам пред почетокот на новата сезона, од која очекуваат да опстанат, а по некоја сезона и да излезат...

Тренерот на Академија Пандев, Панче Стојанов е задоволен од досегашниот тек на подготовките на првиот тим. Новиот прволигаш веќе една недела тренира во Банско, а денеска го игра првиот подготвителен натпревар. Противник ќе биде бугарскиот тим Царско село и Стојанов...

Помалку од еден месец го дели тимот на Академија Пандев од дебито во Првата македонска фудбалска лига. Раководството на клубот ги презема сите мерки за што подобро претставување во елитната конкуренција. Ништо не е оставено на случајот, екипата во моментов...

Повремениот репрезентативец во селекцијата на Македонија У21, Константин Чешмеџиев денес потпиша едногодишен договор со ФК Академија Пандев. Добрите игри во мината сезона во прволигашката конкуренција во редовите на Македонија ЃП и постојаниот континуитет во развојот на овој млад играч...

Зоран Балдовалиев, Сашко Пандев и Диме Димов ги продолжија договорите на уште една година со ФК Академија Пандев. Искуството е неопходно во прволигашката конкуренција, а тоа раководството на ФК Академија пандев и искусните играчи денес заеднички го решија. Помошта...

ФК Академија Пандев мисли на својата иднина. Новиот предизвик и настапите во ПМФЛ се мотив повеќе како за стручниот штаб така и за младите играчи на ФК Академија Пандев. Денес на професионален договор се обврзаа тројца членови од младинските...

Академија Пандев го живее својот фудбалски сон. Нашата екипа за само три сезони успеа да се пробие од општинската до Првата македонска фудбалска лига и од следната сезона ќе игра меѓу елитата. Фудбалските херои на градот Струмица, екипата на Академија Пандев, денеска...

Струмичката фудбалска почва секогаш била плодна, особено кога станува збор за вонсериски играчи. Оттаму излезе еден од најголемите бисери на македонскиот фудбал Горан Пандев заедно со Ацо Стојков, пред него и еден Благој Истатов. На добар пат да ги наследи...

Утре со почеток во 16:00 часот ќе се одигра натпреварот од 21-то коло во ВМФЛ. Противник на нашиот тим ќе биде ГФК Вардар од Неготино. Претходно натпреварот беше откажан поради трагичната смрт на нашиот член Филип Лазаравски кој засекогаш...

Натпреварот од 21-то коло во ВМФЛ помеѓу ФК Академија Пандев и ГФК Вардар Неготино е одложен. Причината е трагичната смрт на нашиот член и репрезентативец на Македонија, Филип Лазаревски. Истиот натпревар ќе се одигра на 18.04.2017 год (вторник) со...

Последни Вести

Диме Димов, 24 годишниот централен одбранбен играч денес го продолжи договорот со ФК Академија Пандев. Раководството на нашиот тим е сосема задоволно од настапите...