Grand Park Lara Antalya – База на ФК Академија Пандев

4571

Сениорскиот тим на ФК Академија Пандев својата прозивка ја има закажано за 11 јануари. Потоа следува 17 дневен период во кој тимот ќе се подготвува со двојна програма на тренинзи во Струмица. Интересно е тоа што за прв пат нашиот сениорски тим своите базични подготовки од 29 јануари до 13 фебруари  ќе ги реализира во Анталија, Р. Турција. База на нашиот тим ќе биде хотелскиот комплекс Grand Park Lara – Anatalya.

Стручниот штаб веќе ги има закажано и пријателските натпревари кои ќе бидат 8 на број, а истите ќе бидат со следниот распоред :

На 19-ти јануари нашиот тим ќе одигра контролен натпревар со ФК Вардар во Скопје, на 25-ти јанураи противник ќе биде ФК Хоризонт, на 1-ви фебруари најверојатно ќе се одигра натпревар против ФК Босанска Крупа – БИХ, на 4 -ти  фебруари е закажан натпревар со ФК Вождовац – Р. Србија, на 7 -ми и 10 ти се преговара со противници кои исто така ќе бидат на подготовки во Анталија, на 12 -ти фебруари нашиот тим ќе одигра контрола со ФК Карпати – Лвов од Украина, по враќањето во Македонија на 16 -ти фебруари е закажан и натпреварот со ФК Царско Село од Р. Бугарија.

Што се однесува до играчкиот кадар од тимот заминаа: Петковски Филип и Симјановски Мирко, во ФК Хоризонт со отстапницаа отидоа нашите млади играчи : Михаилов Филип, Курт Реџеп и Дончев Глигор, а единствени два играча кои пристигнаа се Иванов Христијан и Атанаскоски Давид.