CEE CUP Praga : ФК Академија Пандев во група со ФК Флуминенсе и ФК Бохемианс 1905

3751

Денес беше одржана ждрепката за ЦЕЕ Купот во Прага во кој нашиот младински тим немаше премногу среќа. Имено ФК Академија Пандев ќе биде во група со ФК Бохемианс 1905 и повеќекратниот бразилски шампион ФК Флуминенсе.

Турнирот започнува на 21 јули кога во 12 часот нашиот тим се среќава со ФК Бохемианс, а ден подоцна исто во 12 часот ќе ги одмериме силите со ФК Флуминенсе, тим со кој минатата година имавме средба во полуфиналето кое бразилскиот тим го доби на пенали.

Од 25 јули продолжуваат натпреварите за пласман на турнирот ЦЕЕ Куп во Прага. Распоредот за турнирот можете да го видите на следниот линк:

http://www.ceecup.org/en/rozpis.php

Инаку на турнирот право на настап имаат 3 играчи родени 1997, а останатиот дел од тимот треба да биде состав со играчи родени 1998 и помлади. ФК Академија Пандев ќе настапи со комбиниран младински тим составен од играчи родени 1998, 1999 и 2000.