Јани Атанасов стрелаше од пенал за победа на Македонија У19

2928

Нашата младинска селекција У19 денес одигра контролен натпревар против соодветната селекција на Бугарија. Македонија беше поуспешна со резултат 1:0, а стрелец на единствениот гол беше нашиот Јани Атанадов во 14 мин. од пенал. Успешен настап во победата на нашата срлекција во текот на сите 90 мин. имаа и Кристијан Трапановски и Михаил Маневски. Единствен фудбалер од ФК Академија Пандев кој не доби шанса на денешниот натпревар беше Христијан Делевски. ФК Академија Пандев упатува честитки за победата на нашите млади фудбалери и целиот стручен штаб со надеж дека и во четврток со истиот противник ќе извојуваме уште една победа.