Јани Атанасов со дебитантски повик за сениорската репрезентација на Македонија

4562

По добрите настапи во сениорскиот тим на ФК Академија Пандев и младинските национални селекции, нашиот бисер Јани Атанасов со дебитантски повик во сениорската национална селекција. Со само 17 години Јани е еден од најмладите репрезентативци на Македонија кој доби повик за претстојните натпревари на нашата селекција против Турција и Шпанија. Ова претставува посебна чест за ФК Академија Пандев која во само 7 годишно постоење веќе го продуцира првиот сениорски репрезентативец, секако овде треба да се спомене и Љупче Дориев кој веќе имаше дебитантски повик во изминатиот период.

На нашиот национален тим и на Атанасов му посакуваме успешни настапи и многу радосни моменти.