ФК Вардар – ФК Академија Пандев 1:0

2485

Во сабота нашиот сениорски тим на теренот “ Борис Трајковски “ во Маџари, одигра пријателски натпревар со шампионот на Р. Македонија, ФК Вардар.

Во натпревар во кој отсуствуваа по неколку играчи од двата тима, поради повреди и репрезентативни обврски поуспешен беше ФК Вардар со резултат 1:0.

Ова беше одлична проверка и драгоцено искуство за ФК Академија Пандев и нашите млади играчи во кој резултатот од оваа контрола беше во втор план.

ФК Академија Пандев упатува благодарност до ФК Вардар за одличната организација и гостопримство. Воедно се надеваме дека во првата слободна прилика ќе имаме можност да возвратиме и да имаме повторно заедничко дружење.