ФК Академија Пандев – шампион во ТФЛ – Исток

3467

ФК Осогово : ФК Академија Пандев 0:5

Денес во Кочани се одига 20-то коло од ТФЛ – Исток. Во прекрасни услови за игра и одличен терен се одигра дербито на колото во кое нашиот сениорски тим извојува убедлива победа против домашниот тим. Стрелец на сите 5 голови на денешниот натпревар беше голгетерот Зоран Златковски.

Со овој натпревар и официјално на 2 кола пред крајот нашиот тим ја освои шампионската титула. На сите фудбалери и стручниот штаб им ја честитаме титулата и воедно им посакуваме  успех во претстојните бараж натпревари со надеж дека нашиот тим во следната натпреварувачка сезона ќе го гледаме во натпреварите од 2-та МФЛ.