ФК Академија Пандев – ФК Црвена Звезда – Белград

1432

Во четврток 04.02.2016 година, четири генерации на ФК Академија Пандев ќе одиграат пријателски натпревари против ФК Црвена Звезда – Белград.

Поранешниот европски и светски првак со своите млади категории се наоѓа на подготовки во Р.Македонија, поточно во СРЦ Истатов во Дојран.

Ова претставува одлична прилика за нашите млади фудбалерчиња да се стекнат со нови меѓународни искуства и нови дружења.

Натпреварите ќе се одиграат по следниов распоред:

10:00 часот, генерација 2004 на главениот терен на СРЦ Истатов

11:30 часот, генерација 2002 на главениот терен на СРЦ Истатов

10:00 часот, генерација 2005 на помошниот терен на СРЦ Истатов

11:15 часот, генерација 2006 на помошниот терен на СРЦ Истатов