ФК Академија Пандев : ФК Хоризонт 2:0

3244

Во последниот контролен натпревар пред почетокот на вториот дел од ВМФЛ, нашиот сениорски тим го победи тимот на ФК Хоризонт со 2:0. Во натпревар во кој и двата тренери ги пробаа своите последни замисли пред стартот на првенството, ФК Академија Пандев имаше повеќе од играта и сосема заслужено успеа да слави со два гола разлика. Стрелци на головите во овој интересен натпревар беа Миловановиќ и Балдовалиев. ФК Академија Пандев настапи во следниот состав: Истатов, Марков, Атанаскоски, Димов, Багашовски, Стоилов, Иванов, Атанасов, Миловановиќ, Балдовалиев и Пандев. Во вториот дел уште настапија: Вареловски, Мишов, Маневски, Начевски, Трпановски и Ѓоргев.