ФК Академија Пандев : ФК Хоризонт 1:3

2303

Вчера нашиот сениорски тим го претрпе 3-от пораз во 18 -от натпревар во ВМФЛ. Иако поведовме со 1:0 со голот на Јани Атанасов во вториот дел ФК Хоризонт со головите на Радојчиќ 2 гола и Василев сосема заслужено стигна до победа во соседското дерби. Ова беше втор последователен пораз на ФК Академија Пандев, но шефот на стручниот штаб Панче Стојанов изјави дека нема потреба за загриженост. Тој даде и краток осврт на моменталната состојба во тимот: Поразите секако дека не ни годат, но морам да признаам дека тие се резултат на недостатокот на одредени играчи како и во свесното изоставување на поединци од првиот тим. Во разговорите со моите соработници и луѓето кои се грижат за физичката подготовка, наидовме до заклучок дека одредени играчи не се во оптимална форма. Според нашите испитувања се одлучивме да примениме “тајпер” со што свесно ја соборивме формата на одредена група на играчи. Мислам дека сега беше овој момент најпогоден бидејќи веќе во сабота е продолжувањето на 3-от круг во ВМФЛ. Ние како домаќини во сабота играме со ФК Металург и јас се надевам дека со добра игра ќе се вратиме повторно на победите. ФК Академија Пандев, организацијата, опкружувањето и играчите кои ги поседуваме не обврзуваат на успешни резултати.