ФК Академија Пандев – ФК Скопје 2:0

3002

Сениорскиот тим на ФК Академија Пандев продолжува со успешните настапи во ВФЛ на Македонија. Вчера на градскиот стадион “ Младост“ во Струмица нашиот тим беше поуспешен од ФК Скопје. Ова беше дуел на првиот и вториот тим на табелата кој му припадна на ФК Академија Пандев со 2:0. Стрелци на головите за “академиците“ беа: Сашко Пандев во 3 минута и Јани Атанасов во 64 минута. Со оваа победа ФК Академија Пандев останува лидер на ВФЛ на Македонија со 19 бодови односно 4 повеќе од ФК Новаци и ФК Евромилк.

Следниот натпревар нашиот сениорски тим го игра во сабота 22.10.2016 на стадионот “Кукуш“ во Турново со домашниот тим на ФК Хоризонт.