ФК Академија Пандев :ФК Металург во 16-то коло од ВМФЛ

2663

Утре се игра 16-то коло од ВМФЛ. Нашиот сениорски тим го пречекува тимот на ФК Металург. Натпреварот се игра на стадионот “Кукуш” во Турново со почеток во 14:00 часот. ФК Академија Пандев се соочува со одредени проблеми пред се поради неиграњето на Балдовалиев и Атанаскоски кои ќе недостасуваат поради жолти картони, но и поради отсуството поради повреда на Даниел Миловановиќ. Како и да е во таборот владее оптимистичка атмосфера и сите се надеваат дека ќе продолжи победничката серија на ФК Академија Пандев.