ФК Академија Пандев – ФК Евромилк 0:2 (0:1)

1591

Денес на теренот со вештачка трева во Струмица се одигра контролен натпревар помеѓу сениорските тимови на ФК Академија Пандев и ФК Евромилк.

Второлигашот беше далеку по воигран и посвеж во овој дуел што резултираше со победа на гостите од 2:0.  Во текот на натпреварот се забележаа одредени слабости во нашиот тим кои се резултат на напорниот период низ кој минуваат нашите фудбалери.

Ова беше последна контрола за нашиот сениорски тим пред заминувањето на подготовки во соседна Грција.