ФК Академија Пандев – ФК Влазерими 3:0

2700

Сениорскиот тим на ФК Академија Пандев, дебито пред струмичката публика на градскиот стадион “ Младост“ го круниса со победа. Совладан беше квалитетниот тим на ФК Влазерими од Кичево со убедливи 3:0.

Стрелец за нашиот тим на сите три гола беше Зоран Балдовалиев со што го постигна својот прв хет-трик во дресот на ФК Академија Пандев. Првиот гол на Балдовалиев беше постигнат во 30 мин од натпреварот по одличниот соло пробив и уште подобрата асистенција на Љупче Дориев. На следниот гол се чекаше до 60 мин кога Јани Атанасов упати одлична длабочинска топка кон Сашко Пандев, овој искусно се ослободи од двајца одбранбени играчи на гостинскиот тим, а потоа несебично сервираше за Балдовалиев кој знаеше како да искаже големо благодарам за одличната асистенција на Пандев. Третиот гол беше повторно дело на Зоран Балдовалиев кој рутински ја смести топката во мрежата во 68 мин со удар од белата точка.

Хајлајтсот и головите од натпреварот љубителите ќе можат да ги проследат утре попладне на нашата веб страна.