ФК Академија Пандев – ФК Беласица 8:2 (кадети), ФК Академија Пандев – ФК Турново 3:1 (младинци)

2415

И покрај завршувањето на есенската полусезона во Супер лигата на Македонија, тимовите на ФК Академија Пандев продолжуваат со одигрување на пријателски натпревари.

Вчера на “Општинскиот терен со вештачка трева“ во Струмица се одигра интересен натпревар помеѓу младинците на ФК Академија Пандев и ФК Хоризонт. Нашиот младински тим кој се подготвува за престојното 68 издание на Viareggio Cup, беше поуспешен и извојува победа со резултат 3:1.

Денес истотака на “Општинскиот терен со вештачка трева“ во Струмица, контролен натпревар одиграа кадетските тимови на ФК Академија Пандев и ФК Беласица. Натпреварот заврши со убедлива победа на нашиот тим, а резултатот на крајот на натпреварот гласеше 8:2.

Во недела продолжуваат контролните натпревари за сите тимови во младинските категории на ФК Академија Пандев.