ФК Академија Пандев со нова опрема за дечињата во “ Детската лига “

4514

ФК Академија Пандев како секој организиран клуб мисли на својата иднина. Деновиве во клупските простории пристигна опремата за дечињата кои се натпреваруваат во “Детската Лига“ – Југоисточен регион. ФК Академија Пандев во ова натпреварување учествува со 7 тимови поделени во категории од 2004 до 2009 година. Реномираната италијанска фирма ZEUS додели дресови за сите категории на натпреварувачи во ова натпреварување. ФК Академија Пандев им посакува успех во натпреварите на најмалите дечиња кои се членови на нашиот клуб.

2 3 4 5 6 7 8