ФК Академија Пандев продолжува да вложува во своите младински школи.

1476

Продолжуваме да се грижиме за младите фудбалери кои се во школите под наша закрила. Младинските школи во Гостивар, Кичево и Драчево се подновени со нова опрема. Нови топки со адекватна големина за возраста на младите фудбалери се доделени  за младите фудбалери да можат да тренираат во подобри услови.

ФК Кичево, ФК Драчево Јуниор и Фудбалската школа Пенал од Гостивар веќе ги започнаа тренинзите со новите топки.

Погледнете ја галеријата од нашата фудбалска иднина.