ФК Академија Пандев потпиша со Кристијан Иванов

6024

Стандардниот првотимец во ФК Хоризонт – Турново, Кристијан Иванов денес официјално стави потпис на договорот со ФК Академија Пандев. Иванов е млад фудбалер кој има само 21 год и претставува прво зимско засилување за нашиот сениорски тим и шефот на стручниот штаб Панче Стојанов. Треба да се напомене дека Иванов е и повремен репрезентативец во селекцијата У21 на Македонија. На Иванов му посакуваме здравје и успешни настапи во нашиот тим.