ФК Академија Пандев (кадети) – ФК Куклиш (сениори) 9:0

3239

Кадетскиот тим на ФК Академија Пандев привршува со своите активности за оваа полусезона. Вчера на “ Општинскиот терен со вештачка трева “ се одигра контролен натпревар помеѓу кадетскиот тим на ФК Академија Пандев (играчи родени 1999/00) и еден од првопласираните тимови во Општинската лига – Струмица, ФК Куклиш.

Натпреварот заврши со убедлива победа на нашите кадети, а конечниот резултат гласеше 9:0

Стрелци на головите за ФК Академија Пандев беа: Размоски 3 гола, Велиновски 2 гола, а Атанасов, Трапановски, Мена и Тимов постигнаа по еден гол.