ФК АКАДЕМИЈА ПАНДЕВ денес патува на 68 издание на Viareggio Cup 2016

4478

Денес точно напладне младинскиот тим на ФК Академија Пандев патува за Р.Италија. Нашиот тим ќе биде учесник на претстојното 68-мото издание на престижниот турнир Viareggio Cup 2016. Експедицијата ќе брои 34 чланови од кои 25 фудбалери и 9 членови на стручниот штаб. Нашиот тим ќе ја има честа да настапи на отварањето на турнирот против минатогодишниот освојувач на истиот, тимот на ФК Интер. Натпреварот се игра во понеделник во 15 часот и од истиот ќе биде емитуван директен Тв пренос на каналот  RaiSport 2. Следните два натпревари нашиот тим ќе ги одигра на 16.03. во 14:30 часот против тимот на ФК АПИА од Австралија и на 19.03. во 15 часот против тимот на ФК Специа.

На нашиот тим му посакуваме успешен настап и презентација на Струмица и Р. Македонија. Воедно оваа прилика ја користиме да изразиме благодарност до Советот на Општина Струмица за финансиската помош која ја обезбеди за реализација на овој проект со надеж дека соработката ќе продолжи и во иднина.