Уште еден член на ФК Академија Пандев интересен за ФК Интер – Милано

7063

Маневски Михаил е новиот интерес на италјанскиот гигант ФК Интер од Милано. По Јани Атанасов кој веќе има пред договор со истиот клуб, челните луѓе на младинските тимови на ФК Интер доставија официјална покана за Михаил Маневски. Одличната презентација на Маневски во ФК Емполи не останала незабележана од скаутите на гигантот од Милано.

Јани Атанасов и Михаил МАневски утре 01.03.2016 патуваат за Милано. Тие ќе останат заедно до 12 март каде ќе тренираат со своите врсници во Милано. На 12 март Маневски се упатува за Виареџо каде ќе се приклучи на тимот на ФК Академија Пандев, кој што во првото коло од Вијареџо Куп на 14.03.2016 игра токму против ФК Интер.

Јани Атанасов пак, останува подолго во Италија, тој заедно со своите врсници од ФК Интер, генерација 1999 г. ќе учествува на турнирот Цита Ди Арко Куп 2016 кој започнува на 15 март.

Дали ФК Академија Пандев ќе стане младинска фудбалска база на ФК Интер ќе видиме во текот на наредните денови ? ! ?

pokana Jani i Mihail