Уште еден одличен натпревар во ПМФЛ: Академија Пандев со победа против Шкупи

2048

Во рамките на 9. првенствено коло во домашното првенство, Академија Пандев оствари победа на домашен терен со резултат од 2:0 против екипата на Шкупи.

Нашите играчи денеска се изборија за нова победа (5-та) во првенството сезонава, благодарение на головите на Балдовалиев (пенал) во 58 и гол во 90 минута од натпреварот.

Академија Пандев по 9. коло во ПМФЛ се наоѓаат на 2. позиција на табелата, зад првопласираната Шкендија која има 25 бодови, 8 повеќе од нас.

Можеме да бидеме задоволни од играта и остварениот резултат денеска, а уште подобро што напредувавме на табелата по актуелното коло во ПМФЛ.ж

Следниот натпревар гостуваме на екипата на ФК Скопје.