Убедлива победа на сениорскиот тим : ФК Слога Виница – ФК Академија Пандев 0:7 (0:5)

1372

ФК Слога Виница – ФК Академија Пандев 0:7 (0:5)

Нашиот тим имаше повеќе од успешно гостување во Берово каде го одигра натпреварот против домашниот тим на ФК Слога Виница.

Ден порано од другите натпревари ФК Слога Виница и ФК Академија Пандев го одиграа 10-тото коло од ТФЛ – Исток. На одличниот терен во Берово, натпреварот изобилуваше со убави акции на двата тима и неколку прекрасни гола. Сепак младиот тим на ФК Слога Виница немаше доволно сили да се спротивстави на поискусниот и поквалитетниот тим на ФК Академија Пандев, па така домашниот голман 7 пати ја вадеше топката од сопствента мрежа.

Стрелци за ФК Академија Пандев беа : Ѓорги Марков 2 гола, додека Ване Јованов, Даниел Радојчиќ, Драган Начевски, Митко Гочев и Љупче Дориев постигнаа по еден гол.

Следниот натпревар кој воедно е и последен во есенската полусезона нашиот сениорски тим го игра на домашен терен против лидерот на табелата ФК Плачковица.