Убедлива победа на младинците на Академија Пандев

2206

У-19 екипата на Академија Пандев денеска одигра пријателски натпревар со Академија Спорт Тим од Романија која исто така учествуваше на ЦЕЕ Купот во Прага.

Двете екипи го завршија настапот во групната фаза, па ја искористија можноста да одиграат пријателски меч. Нашите младинци победија со 2:0 со головите на Ивановски и Крстев. Тоа е одличен резултат по двата нерешени дуели на ЦЕЕ Купот против Евертон и Ѓер.

По овој натпревар, младинците на Академија Пандев ги очекува настапот за седмото место на турнирот и тоа утре против Лестер.