Супер талентираниот голман Марко Алчевски нов голман во ФК Академија Пандев

10972

Марко Алчевски е нов голман во ФК Академија Пандев. Станува збор за младински репрезентативец на Македонија У-15. Инаку Марко потекнува од ФК Талент од Битола и роден е 2002 година. Тренерот на голманите Томи Пандев верува во квалитетите на Марко и посочи дека со добра работа за најмногу 2 години Алчевски го гледа како конкурентен за првиот тим на ФК Академија Пандев.