Стојанов: Покрај поразот, јас сум задоволен од прикажаната игра на мојот тим

798

Академија Пандев нема по добро да го памети месец ноември сооглед на тоа што забележа два порази, едно реми и само една победа во Првата Македонска Фудбалска Лига (ПМФЛ). Денес нашата екипа забележа пораз од актуелниот бранител на титулата, Вардар со резултат од 0-2.

Тренерот на нашиот тим, Панче Стојанов по крајот на мечот изјави:

„Ја сум задоволен од играта на моите фудбалери. Сепак се виде дека Вардар е поквалитетен од нас, притоа искористи едно наше мало невнимание во 47. Минута и поведе. По овој момент многу работи ни тргнаа надолу. Второ полувреме пробавме да направиме нешто, но на крај Вардар сосема заслужено победи.

stojan

Наше стратегија не беше да играме дефанзивно, но можеби имавме малку поголем респект кон противникот и тоа се одрази. Сепак не бевме ништо послаби од Вардар во текот на целиот меч, тие си ги искористија своите шанси, си дадоа два гола и заслужено не совладаа“.

Следното коло, повторно сме домаќини, а противникот во недела е екипата на Силекс.