Стартуваат квалификациите за У17 во Бургас – Р.Бугарија

2315

Денеска во Бургас – Р.бугарија започнува квалификацискиот циклус на селекцијата У17. Во нашата група се уште селекциите на Шкотска, Италија и Бугарија.

Денес во 18 часот по локално време отвараме против Шкотска , на 23.10. (петок) во 15:30 часот  играме против Италија , а на 26.10. (понеделник) во 16 часот го затвараме квалификацискиот циклус против домаќинот Бугарија.

ФК Академија Пандев во репрезентацијата ја претставуваат „Академците“ : Јани Атанасов, Кристијан Трапановски, Михаил Маневски и Христијан Делевски.

На сите репрезентативци им посакуваме успешни настапи и добра презентација на македонскиот фудбал, затоа што оваа генерација има квалитет за исчекор на едно скалило погоре.