Среќен роденден Јани Атанасов!

1796

Денес Јани Атанасов полни 18 години, му посакуваме среќен роденден.

Денес е 31.10.2017 и можеби ова ќе биде последна заедничка прослава на Јани Атанасов со Академија Пандев. Извесно е дека со полнолетството Атанасов да ја промени својата фудбалска средина веќе во јануари или на крајот на сезоната и да се врати во Италија, каде одреден период настапуваше за младинската екипа на Интер.

Инаку, денеска беше објавен списокот за репрезентацијата до 19 години, која е наша најталентирана генерација, а на истиот список се најде Јани Атанасов, заедно со играчи како Елмас, Чурлинов и Трапановски, меѓу останатите.