Сениорскиот тим стартуваше со 4 принови

2075

Сениорскиот тим ги започна подготовките за новата полусезона. Шефот на стручниот штаб Панче Стојанов,  ја имаше прозивката точно напладне во 12 часот. Иако фудбалерите од 11.01.2016 г. работеа по однапред утврдена, индивидуална програма, веднаш после прозивката играчите ги имаа и првите тестови. За одбележување е присуството на четирите нови членови кои се итекако искусни и потребни во борбата за врвот на табелата во ТФЛ – Исток. Поранешниот репрезентативец Филип Деспотовски, Кемал Аломеровиќ, Зоран Златковски и Валентин Кочовски се новаците во сениорскиот тим. Во наредните денови се очекува да пристапи уште еден искусен дефанзивец со што ќе се заокружи ростерот на тимот.

Сениорскиот тим на ФК Академија Пандев во наредните две седмици ќе има по еден тренинг, а веќе во третата седмица ќе следуваат по две тренинг сеанси во текот на денот. Во текот на овие три седмици предвидени се и 3 натпревари. На 15 фебруари сениорите и младинскиот тим ќе заминат на 10 дневни подготовки во Р. Грција каде ќе се одиграат вкупно 6 натпревари.

 

златковски

кемал

Valjo 1