Сениорскиот тим ги стартуваше подготовките за новата сезона

2692

Денес во 17:30 часот, сениорите ги започнаа подготовките за новата премиерна сезона на ФК Академија Пандев во ВМФЛ. По вообичаената прозивка, извршените мерења и тестирања нашиот тим ја одработи и првата тренинг единица.

Според идејата на раководството на тимот, во новата сезона ФК Академија Пандев ќе се насочи повеќе кон укажување шанса на играчите кои произлегуваат од сопствената академија. На прозивката присуствуваа сите фудбалери на кои смета стручниот штаб освен Курт Реџеп кој ќе биде на 10 дневни тестови во Р.Турција. Инаку од новаците во тимот присутни беа голманот Стефан Истатов и централниот дефанзивец Диме Димов. Од обврските кон Академија Пандев се ослободени Бојан Иванов, Зоран Златковски, Кемал Аломеровиќ, Митко Гочев и Мартин Цреваров.

Според планит ФК Академија Пандев од денес па до 16 јули ќе се подготвува во Струмица , а потоа нашиот тим заминува на подготовки во Банско, Р. Бугарија каде ќе се задржи до 25 јули. Закажани се и неколку подготвителни натпревари и тоа со ФК Брегалница, ФК Хоризонт, ФК Победа Прилеп и ФК Банско.