Сениорите одиграа два контролни натпревари

2641

Нашиот сениорски тим стартуваше со одигрувањето на контролните натпревари. Во средата на 13.07 нашиот тим гостуваше во соседното Турново каде одигра натпревар против ФК Хоризонт. Натпреварот изобилуваше со солиден интензитет за овој период од подготовките, но истиот заврши со непопуларните 0:0. Во неделата пак на 17.07 нашиот тим по заминувањето на подготовки во Банско, Р. Бугарија го одигра и својот втор контролен натпревар. Противник на нашиот тим беше повратникот во прволигашкото друштво ФК Победа од Прилеп. Нашиот тим се покажа поумешен во 90-те минути и успеа да слави победа од 2:0 со головите на Дориев и Марков Ѓорги.

Следниот натпревар ФК Академија Пандев ќе го одигра во среда на 20.07 во Банско против домаќинот ФК Банско кој е второлигаш во Р. Бугарија