Сашко Пандев: Најважен е опстанокот, а ако се укаже шанса, ќе се бориме за горниот дел на табелата

3659

Само само 30 години, Сашко Пандев е еден од најискусните во тимот на Академија Пандев во пресрет на новата сезона.

Тоа доволно зборува за интенцијата на струмичкиот клуб да им даде шанса на младите фудбалери и со нив да продолжи да се натпреварува и во дебито во Првата македонска фудбалска лига. Без разлика што ќе се случи претстојната сезона, Академија Пандев треба да биде освежување во фудбалското првенство на Македонија, но и насока како би требало да се однесуваат другите прволигаши.

Како сте задоволен од досегашниот дел од подготовките и какви се условите во Банско?

ПАНДЕВ: Веќе десетина дена сме во Банско, подготовките се одвиваат на највисоко ниво и најважно е што сите фудбалери се во строј, односно нема повреди. Условите овде се одлични и мислам дека засега ги исполнуваме задачите на стручниот штаб.

sasko pandev

Како капитен, можете ли да ни ја пренесете атмосферата во екипата? Тимот на Академија Пандев е сочинет од голем број млади и перспективни фудбалери и само неколку поискусни.

ПАНДЕВ: Екипата на Академија Пандев се базира на млади фудбалери, само тројца сме поискусни и тоа јас, Балдовалиев и Вареловски. Атмосферата е одлична, нам ни останува само да тренираме и што подобро да ги поминеме овие подготовки.

Какви се очекувањата за новата сезона со оглед на тоа што Академија Пандев првпат ќе игра во елитата?

ПАНДЕВ: Дебитанти сме во Првата лига и не би се залетувале. Најважно е да обезбедиме опстанок, а ако се укаже шанса да одиме во горниот дел од табелата или да се бориме за Европа.

pandev trening

Каков е планот за подготовките откако ќе заврши фазата во Банско?

ПАНДЕВ: Во Банско треба да одиграме неколку контролни натпревари по што ќе се вратиме во Струмица и таму ќе продолжиме со подготовките. Ако се биде во ред, подготвени ќе го дочекаме стартот на новата сезона.