Ренова за едно полувреме до победа против Академија Пандев

481

Академија Пандев не успеа да ја продолжи серијата добри резултати, откако денеска на гостувањето, беа поразени од домаќинот Ренова со 3:1.

Победникот на овој натпревар се знаеше уште по првите 45 минути, кога Ренова си изработи уверливо водство од 3:0, со головите на Гафури во 27. Мишковски во 36. и Лусао во 39 минута.

Почесниот погодок на натпреварот за нашата екипаг о постигна Марков во 86. минута, за заокружување на конечните 3:1 на оваа средба.

Ренова со оваа победа се проби до 5. позиција на табелата со вкупно 17. освоени бодови, додека ние остануваме на 2. позиција со 21 бод досега.