Реми за Академија Пандев на гостувањето во Прилеп

990

Фудбалерите на Академија Пандев одигра нерешено 2:2 на денешното гостување кај прилепска Победа.

Нашата екипа на два пати имаше предност на овој меч. Во првото полувреме Дориев во 20.минута го отвори резултатот, но израмни Илијоски во 42.минута.

Во вториот дел Академија Пандев поведе повторно, овој пат стрелец за 2:1 беше Грифони во 55.минута. Позитивниот резултат нашата екипа го задржуваше до финишот на средбата, но во 84.минута Победа стигна до ново израмнување. Конечниот исход 2:2 беше дело на Шаркоски.