Против Тетекс во четвртфиналето од Купот на Македонија

1011

Единствениот преостанат второлигаш во Купот на Македонија, Тетекс ќе и биде противник на Академија Пандев во четвртфиналето од ова натпреварување.

Така одлучи денешната ждрепка во ФФМ. Со тетовскиот тим имаме исклучително позитивен биланс, минатата сезона се сретнавме три пати во Втората лига и ги добивме сите три дуели: 3:2, 3:0 и 5:1. Сепак, тоа не значи дека ни претстои лесна работа бидејќи Тетекс имаше големи успеси во Купот на Македонија последните десетина година.

Првиот дуел ќе го играме на гостински терен, а реваншот е во Струмица каде Академија Пандев ги доби сите натпревари оваа сезона во првенството и Купот. Натпреварите од четвртфиналето се играат на 8 и 29 ноември.