Програмата и плановите на младинските школи за 2018 година се утврдија на заедничка маса во Струмица

3011

Претставници од сите младински фудбалски школи кои работат под капата на ФК Академија Пандев, се состанаа во Струмица во просториите на Академијата, за да ги дискутираат плановите за идната 2018 година.

Состанокот беше одржан со цел на новите и постојните младински школи им се презентира унифицираната програма под која ќе работат.

Исто така, цел на состанокот беше и да се усогласат годишните активности на школите за 2018 во поглед на предвидените кампови, турнири, тестирања, селектирања итн.

Претставници на состанокот имаше од младинските фудбалски школи од: ФШ Академија Пандев- Струмица, ФШ Гроздановски- Илинден, ФШ Драчево Јуниор- Скопје, ФШ Еуроспорт- Куманово, ФШ Кичево- Кичево, ФШ Пенал- Гостивар, ФШ Академија Пандев- Тетово, ФШ Фортуна- Скопје, ФШ Академија Пандев- Македонски Брод и ФШ Гази Баба- Скопје.

Следниот состанок веќе е закажан во Скопје идниот месец, а во следниот период се предвидени состаноци на сите локации каде дејствува Академијата.

21624045_1606368762766927_1614545730_n

21763752_1606368846100252_1143258154_n