Претставници на Академија Пандев на средба со италијанскиот амбасадор во Македонија

1712

По повод Неделата на Италијанскиот јазик и култура во Струмица, италијанскиот амбасадор Карло Ромео на своја иницијатива оствари работна средба со претставници на Академија Пандев.

На средбата присуствуваа Југослав Тренчовски, Џулио Грифони и конзуларниот претставник Стојан Витанов. Амбасадорот изрази голем интерес за Академија Пандев и италијанскиот интернационалец во нашите редови Џулио Грифони. Од клубот на подарок доби дрес од ФК Академија Пандев со потпис од Грифони како и дрес на Џенова од Горан Пандев.

Договорена е заедничка средба во која ќе се обидеме да реализираме проект во кој Италајанската амбасада ќе помогне во доведувањето на познато тренерско име како презентер и фудбалски тим кој ќе биде учесник на турнирот Пандев Куп 2018.

1 2 3 5