Прв пораз на Академија Пандев

1214

Екипата на Академија Пандев го претрпе првиот пораз во дебитантската сезона во Првата македонска фудбалска лига откако денеска загуби на гости кај Шкендија со 1-2.

Тетовскиот тим со головите на Алими и на Жуниор уште во првото полувреме имаше водство од 2-0, а ние намаливме со голот на Дориев во 88. минута.

По денешниот натпревар следува двонеделна пауза во македонското првенство, а Академија Пандев на 10 септември, во четвртото коло ја пречекува Ренова.