Почнува Супер лигата, Академија Пандев ќе се натпреварува во четири категории

2603

Академија Пандев утре го почнува својот настап во новото издание на Супер лигата.

Оваа сезона ќе се натпреваруваме во четири категории и тоа: младинци, кадети, пионери и помлади пионери. Во согласност со своите принципи, а со цел да се промовираат нашите надежи, Академија Пандев одлучи во секоја категорија да учествува со една година помлади играчи.

pandev1

Така, во младинска конкуренција, која е за фудбалери родени 1999 година, ние ќе се натпреваруваме со играчи родени 2000 година, кај кадетите со 2001, пионерите 2002 и помладите пионери 2003 година.

Во првото коло, нашите млади фудбалери играат со Победа. Кадетите и младинците утре ги пречекуваат прилепчани на домашен терен, а пионерите и помладите пионери гостуваат в недела в Прилеп.