Покана за прес конференција

3079

Ф.К. Академија Пандев, на  27.06.2017 (вторник) во 11:30 во Хотел Александар Палас-тениски терени ќе одржи прес конференција на која ќе биде промовиран клубот како нов член од ПМФЛ, како и првиот тим на клубот за ПМФЛ сезоната 2017/2018, стручниот штаб и предвидените засилувања.

Исто така ќе се промовира и новиот амблем на клубот и опремата која ќе ја користат фудбалерите во текот на натпреварувњата.

На прес конференцијата ќе се претстават и планираните проекти  на Академија Пандев за следниот период.

Најдобриот македонски фудбалер Горан Пандев, заедно со други претставници на клубот на крајот на прес конференцијата ќе одговараат на поставените новинарските прашања.

Ова е отворена покана до редакциите да ја проследат прес конференцијата и ја информираат јавноста за идните планови на клубот.