Победи против ФК Металург во заостанатите натпревари од 8-то коло

1646

Денес се одиграа заостанатите натпревари од 8-то коло против екипата на ФК Металург.

Кадетите извојуваа убедлива победа против лидерот на табелата ФК Металург со 5:0. Стрелци на головите беа Атанасов 2 гола, Маневски 2 гола и Крстев беше стрелец на еден гол.

Izvestaj Metalurg

Младинците пак во извонредно драматичен меч извојуваа значајна победа од 4:2. Иако гостинот водеше со 0:2 и имаше играч повеќе сепак нашите играчи имаа сили и извојуваа многу драгоцена победа. Стрелци на головите за ФК Академија Пандев беа Радојчиќ Даниел кој постигна 3 гола, а еден гол постигна Миловановиќ Даниел.

Следниот натпревар нашиот кадетски и младински тим го игра на домашен терен во сабота против тимот на ФК Победа Прилеп, почетокот на натпреварите е закажан за 10 и 12 часот.

https://www.youtube.com/watch?v=F3xXhf6I_PU