Победи над ФК Славија Софија и ФК Сењак, утре играме за полуфинале

3422

ФК Академија Пандев генерација 2008 има одличен старт на турнирот “Colonia Cup” 2017 кој се одржува во Кранево – Р. Бугарија. Нашите дечиња извојуваа две победи и тоа против главните фаворити во групата. Во првиот натпревар совладан беше тимот на ФК Славија од Софија со резултат 1:0, а во вториот натпревар со 3:1 бевме поуспешни од ФК Сењак од Србија.

Нашите дечиња се први на табелата со одлични шанси за пласман во полуфиналето каде би требало да се сретнат со ФК Партизан од Белград или ФК Нива од Украина.