Победа, пораз и два нерешени резултати против ФК Вардар

4380

Викендов се одигра првото пролетно коло од Младинската Супер Лига на Македонија. Најпрво, вчера во Скопје се сретнаа ФК Вардар и ФК Академија Пандев во категорија на фудбалери : помлади пионери и пионери. Во првиот натпревар домаќинот ФК Вардар беше поуспешен и победи минимално со 1:0. Во вториот натпревар пак нашите пионери беа поуспешни од ФК Вардар и победија со 3:1. Стрелци на головите за ФК Академија Пандев беа: Ивановски, Скендери и Крстев. Денес во Струмица своите натпревари ги одиграа и повозрасните категории на фудбалери и тоа кадетите и младинците. Во првиот натпревар во кадетска конкуренција резултатот беше 1:1, а стрелец за ФК Академија Пандев беше Ѓоргичков. Вториот денешен натпревар во младинска конкуренција помеѓу ФК Академија Пандев и ФК Вардар заврши со идентични 1:1 како и претходниот натпревар. Стрелец на единствениот гол за ФК Академија Пандев беше Емир Скендери. Наредниот викенд се играат натпреварите од 2-то пролетно коло а ривал на ФК Академија Пандев ќе биде тимот на ФК Ренова од Тетово.