Победа, нерешено и пораз против ОФК Белград

1216

Денес се одиграа 3 натпревари на теренот со вештачка трева во Струмица.

Тимот на ОФК Белград допатува во Струмица со мало задоцнување поради проблеми на граничниот премин од Грција.

Генерација 2000

ФК Академија Пандев – ОФК Белград 1:1

Честа да го отворат тромечот со нашите драги пријатели од Србија ја имаше генерација 2000 год. Во тврд и рамноправен натпревар во кој повеќе се играше на средината од теренот крајниот резултат гласеше 1:1.

Генерација 2003

ФК Академија Пандев 2004 – ОФК Белград 1:4

Во вториот натпревар гостинот од Белград доминираше и истиот го доби со убедлив резултат од 4:1.Но мораме да споменеме дека нашиот тим играше со една генерација помали фудбалерчиња поради тоа што генерацијата 2003 на ФК Академија Пандев во истиот термин играше финален натпревар во Сандански, Р.Бугарија.

Генерација 2006

ФК Академија Пандев – ОФК Белград 4:1

Нашите најмали учесници на натпреварите денес се реваншираа во целост на гостите од Белград. Имено нашиот тим 2006 генерација го доби натпреварот со идентични 4:1, резултат со кој нашите повозрасни дечиња изгубија во вториот натпревар.

Ова беше уште едно успешно дружење помеѓу двете школи на ФК Академија Пандев и ОФК Белград. Соработката и натаму останува на високо ниво, поканата за гостување во Белград ја прифативме единствено останува терминот за кој заеднички треба да се договориме.OFK Mali