Победа, нерешено и пораз за нашите дечиња во денешните натпревари

962

Младите фудбалерчиња на ФК Академија Пандев денес одиграа три натпревари во 3 различни генерации.

Генерација 2003

ФК Шкендија – ФК Академија Пандев 0:2

Утринава на терените на СРЦ Истатов со почеток во 10 часот се одигра квалитетен натпревар помегу ФК Шкендија и ФК Академија Пандев за генарација на фудбалери родени 2003 год. Натпреварот беше потполно рамноправен и изобилуваше со многу возбудувања. Сепак нашите дечиња во финишот беа со повисоко ниво на концентрација и натпреварот го добија со 2:0

Генерација 2001

ФК Академија Пандев – ОФК Белград 2:2

Генерација 2002

ФК Академија Пандев – ОФК Белград 1:2

На општинскиот терен со вештачка трева во Струмица денес беше фудбалски празник. Гостинскиот тим на ОФК Белград го оствари долго најавуваното гостување во Струмица и ФК Академија Пандев. Некаде околу 100-ина дечиња другаруваа и се натпреваруваа меѓусебно. Натпреварите се игра по систем 3 полувремиња по 35 односно 30 мин.

Во првиот натпревар за генерација 2001 резултатот гласеше 2:2, додека во вториот натпревар гостинскиот тим на ОФК Белград беше поуспешен и победи со 1:2.

На гостите им благодариме што издвоија драгоцено време да бидат наши гости, а воедно ги покануваме љубителите на детскиот фудбал да повелат на 14.02.2016 год. да не посетат повторно на   “ Општинскиот терен со вештачка трева“  затоа што повторно ќе го имаме задоволството да бидеме домаќини на ОФК Белград, но овој пат на генерациите 2000, 2003 и 2006.