Победата е императив во пресметката со Силекс

417

Денес во рамки на 18. коло во ПМФЛ, Академија Пандев силите ќе ги одмери со екипата на Силекс. Мечот се игра со почеток од 13.00 часот на стадионот „Младост“ во Струмица.

Нашата екипа во мечот влегува со победнички императив и желба да се прекине лошата низа. Избраниците на Панче Стојанов ќе се обидат по два меча пауза, повторно да ги освојат сите три бода, нешто што нема да биде нималку лесно ако се погледне каде се наѓаат моменталнно двете екипи на табелата.

Мечот како главен судијата ќе го суди Димитар Мечкаровски од Скопје, на кого како асистенти ќе му помагаат Дејан Неделкоски, Гоце Петрески, а четврт судија ќе биде Ивана Пројкоска.