ПМФЛ: Гостување на Академија Пандев во Прилеп во рамки на 5. коло

1218

По минималната победа на нашиот состав против Ренова со 1:0, пред Академија Пандев има нов предизвик во домашното првенство.

Нашиот состав денеска гостува на Победа Прилеп во рамките на 5. коло од ПМФЛ, каде ќе ја бркаме 3. победа во нашиот премиерен настап меѓу фудбалската елита.

Ренова која што ја совладавме претходното коло, вчера го совлада Пелистер со 1:0, и со тоа ни овозможува денеска со евентуална победа на гостувањето во Прилеп, да избиеме на втората позиција на табелата, веднаш зад Шкендија, која исто така денеска како и ние, игра нагости кај Работнички, мечеви закажани од 15:30 часот.