Пионерите на ФК Академија Пандев во 1/4 финале од купот на Р. Македонија

3232

Пионерите на ФК Академија Пандев, предводени од тренерот Александар Стојанов го одиграа квалификациониот натпревар од 1/8 финалето на купот на Македонија. Противник на нашиот тим беше солидната екипа на ФК Фљамуртари од Струга. Нашиот млад тим го доби натпреварот со 4:0. Головите за ФК Академија Пандев ги постигнаа: Скендери 2, Величковски и Васил Крстев кој се врати на терените после 4 месечна пауза.