ОФК Белград повторно гостин на ФК Академија Пандев

2936

Во недела на 05.03.2017 год. на „Општинскиот терен со вештачка трева“ во Струмица, три наши генерации ќе одиграат пријателски натпревари.

Најпрво со почеток во 11 часот нашиот кадетско/младински тим ќе одигра уште една контрола со ФК Здравје Радово, ова ќе биде последна контрола за оваа генерација на фудбалери пред стартот на првенството кое започнува на 12.03.2017, а противник на ФК Академија Пандев во првото коло ќе биде тимот на ФК Вардар од Скопје.

Потоа следува двомеч со нашите добри пријатели ОФК Белград. Во 13 часот пријателски натпревар ќе одиграат генерацијата на фудбалери родени 2001, а во 14:30 часот силите ќе ги одмерат генерацијата на фудбалери родени 2002.

Повелете на натпреварите ќе бидете наши драги гости !!!