ОФК Белград во гости на ФК Академија Пандев

3225

Втора година по ред ОФК Белград ќе гостува во Струмица. Добрите, пријателски односи помеѓу ФК Академија Пандев и ОФК Белград резултираа уште еднаш со договарање на пријателски натпревраи помеѓу повеќе генерации. Ни претставува особена чест што дури 6 тимови на ОФК Белград ќе бидат наши драги гости.

Најпрво во Струмица на Општинскиот терен со вештачка трева, на 31 јануари силите ќе ги одмерат 3 генерации, а натпреварите ќе бидат со следниот распоред:

Генерација 2003 ќе играат фудбал 11:11 со почеток во 11 часот, а натпреварот ќе биде одигран во три полувремиња по 30 мин.

Генерација 2004 во 12:30 часот ќе играат фудбал 8+1 исто така во три полувремиња по 30 мин.

Генерација 2006 ќе играат исто така фудбал 8+1, а натпреварот ќе трае 3×20 мин и истиот ќе започне во 14:00 часот.

Вториот термин за одигрување на уште три натпревраи ќе биде на 14 фебруари, а гости на нашата школа ќе биде ОФК Белград со генерациите 1998/99, 2000 и 2005.